MK EN
28122019

Едиции

Под земја полесно се дише 6 плакат

Број 6 // 2018

Жестокото шесто издание на фестивалот Под Земја Полесно Се Дише е во полн ек! На 22 декември во сабота во 20:00 часот повторно се симнуваме под земја во гаражите кај Плочник за да се заплакнеме од сеопштиот малограѓански, маалски и медиски смог. Како алтернатива ви го нудиме филтерот на гласната музика, мистериозната уметност, перформативниот танц и студеното подземје како трансформација на истиот тој смог во смисла.

Повеќе
Под земја полесно се дише 5 плакат

Број 5 // 2017

Алтернатива за подобро, здравје! Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише по петти пат во Скопје!
Иако прогласен за најзагаден град во Европа, Скопје останува еден и единствен избор за реализација на овогодинешниот фестивал. Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише Ви нуди незаборавна вечер и богат репертоар на културно инхалирање свежа продукција од областа на визуелните и музичките уметности од земјава и странство!

Повеќе
Под земја полесно се дише 4 плакат

Број 4 // 2016

Независен фестивал за експлоатација на идејата за журка, свирка, изложба, перформанс, проекции и сл. Шеесетина автори, од земјава и странство, во организација на Бивша Кула или Кула Колектив, се тука за вас, ненамерно на денот на Крисмас (24.12)!

Повеќе
Под земја полесно се дише 3 плакат

Број 3 // 2015

На ден 27ми декември или последниот викендашки ден од последниот викенд за 2015 година, традиционално, по трет пат ќе имате шанса да присуствувате на овој андерграунд фестивал.
Старата, веќе проверена локација, гаражите кај плочник, ќе биде привремено отелотворување на низок орган на извршната власт, каде дента ќе се оддржуваат стандардните секојдневни активности министерски – журки и хамбургери.

Повеќе
Под земја полесно се дише 2 плакат

Број 2 // 2014

Второто издание на „ Под земја полесно се дише“ ќе се одржи на 27-ми декември, со почеток во 19 часот во подземните гаражи на Плочник. Ќе имате прилика да проследите изложба, проекција на експериментални и анимирани филмови и музички концерти на „Подземан ефект“, „Стагнатор“ и „Црно дете“. Покрај препознатливата атмосфера од претходната година, делата од изложбата ќе бидат потпишани под мотото на настанот-подреализам. Не пропуштајте да бидете дел од последното креативно загревање на 2014 година во светлината на подземјето.

Под земја полесно се дише 1 плакат

Број 1 // 2013

Мултимедијален настан – Излозжба, свирка и видео
Повелете.

Назад
Плакат

Број 6 // 2018
images/PZPSD-6.jpg
Жестокото шесто издание на фестивалот Под Земја Полесно Се Дише е во полн ек! На 22 декември во сабота во 20:00 часот повторно се симнуваме под земја во гаражите кај Плочник за да се заплакнеме од сеопштиот малограѓански, маалски и медиски смог. Како алтернатива ви го нудиме филтерот на гласната музика, мистериозната уметност, перформативниот танц и студеното подземје како трансформација на истиот тој смог во смисла.


Музички програм


Фонирачки моно манијакален аудио акт на Љупа https://www.facebook.com/relja.vorkapic.1/
Свежо сецкано електро дуо Барум Барум https://www.facebook.com/barumbarum.official/
Љутите Ангза https://www.facebook.com/anxiousdbeat/



Ликовен програм


…експлозивно-продирачки перформанс, инсталации, скулптури и експерименти од научно-уметнички, а богами и експедитивно-политички едукативен тип, дебата на тема „Транскрипција на 21 век преку синаптичките јазли на балканскиот ум(етник)“ од професор доктор Никола Буданович и локален артист и несинхронизирано научно караоке читање… се само дел од мноштвото интригантни содржини кои нема да ве остават рамнодушни. Зад нив стојат:

Александра Анагностопулу
Амир Карахасан
Викторија Попоска
Владимир Лукаш
Горан Ристовски
Душан Пејчев
Дуарте Соуса
Ева Григориадоу
Ертунч Сали
Ива Станковска
Иван Трајчев
Иван Шапков
Каролина Силвеира
Колин Русто
Марко Јанев
Наташа Неделкова
Петар Џајковски
Петра Жишт
Раде Набаков
Самир Карахасан
Сандра Јовановска
Софиа Григориадоу
Том Биела



Се гледаме!
https://www.facebook.com/events/483630608710316/
Број 5 // 2017
images/PZPSD-5.png
Алтернатива за подобро, здравје!
Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише по петти пат во Скопје!

Иако прогласен за најзагаден град во Европа, Скопје останува еден и единствен избор за реализација на овогодинешниот фестивал. Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише Ви нуди незаборавна вечер и богат репертоар на културно инхалирање свежа продукција од областа на визуелните и музичките уметности од земјава и странство!

Музичката програма, традицонално составена од нови и неизбежни музички остварувања од земјава и регионот, Ви ја нуди несекојдневната можност да се запознаете со следните бендови:

КОНВОЈ БОНТОН БАЈКЕРА (Белград)
Користат дисторзија исклучиво на “саксофон“ пресетот на клавијатурата. Свират синтетички панк-рок и урлаат за љубовта / омразата помеѓу камионџиите, бајкерите, полицајците, хипиците, одбегнатите средношколки автостоперки и сите останати пробисветови на друмот. На ден на концертот излегува синглот ‘tužićutemami’, најава за нивниот втор албум кој треба да излезе во јануари.
https://spielzeugmuzak.bandcamp.com/album/dve-konjske-snage

  TRANSHUNTER (Скопје)
Јуначки автоматизиран премост на далечни не хумани состојби и нивно ковање во алхемијски оружја на спасение (за некои).
https://fuckyogarecords.bandcamp.com/album/s-t-2

  СВЕТЛОСТ (Скопје)
Амбиент-џез трио составено од Нинослав Спировски (кларинет / саксофон), Кристијан Новковски (удиралки) и Дени Омерагиќ (бас / синтесајзер / електроника). Во моментов работат на своето дебитантско ЛП, кое ќе содржи три долги композиции во кои се вклопени стилови како слободен џез, пост-панк, амбиентална и електро-акустична музика.


За прв, еден и единствен пат во Скопје, евентуално втор, Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише 5, Ви го претставува спектаклот Шутофонија во изведба на таканаречениот Кула Колектив. Станува збор за проект кој ги брише границите помеѓу двете главни категории на фестивлот, музичката и ликовната продукција.

Кино Ходник е новитет во програмата на фестивалот, простор посветен на аудиовизуелните медиуми каде ќе бидат проектирани експериментални видеа, анимации, краткометражни филмови и сл.

Скопје во соработка со Под земја, на 23-ти декември, Сабота, со почеток во 20 часот, Ви ја нуди ексклузивната можност да ја проследите изложбата на најновите достигнувања на следните автори:

Александра Ацеска
Александар Ордев
Ангела Савевска
Амир Карахасан
Барски Брача (Филип Велковски, Марко Јанев, Филип Илиески и Бобан Доцевски)
Бисера Крцковска
Викторија Митева
Владимир Лукаш
Владимир Здравевски
Вук Митевски
Данкан Гибс
Доротеј Нешковски
Ертунч Сали
Иван Трајчев
Иван Шапков
Ивана Мирчевска
Ивана Самандова
Јасмина Главинче
Лина Дамјан
Маја Стојковска
Марион Балак
Марко Вилиќ
Марико Хори
Наташа Неделкова
Ненад Тонкин
Никола Радуловиќ
Пале Јовановска
Раде Набаков
Самир Карахасан
Сандра Јовановска
Сања Симоска

Во соработка со уметничката во резиденција Кан Серат, годинава двајца уметници учествуваат на изложбената: Марион Балак и Данкан Гибс.


Ве очекуваме!


Број 4 // 2016
images/PZPSD-4.png
Независен фестивал за експлоатација на идејата за журка, свирка, изложба, перформанс, проекции и сл. Шеесетина автори, од земјава и странство, во организација на Бивша Кула или Кула Колектив, се тука за вас, ненамерно на денот на Крисмас (24.12)!


Authors:
Алеш Смолеј, Амир Карахасан, Ана Алексовска, Ана Бахор, Ана Марковска, Аниша Кан, Асја Трост, Бранкица Јордановска, Валери Волф Ганг, Вид Ербич Крижанец, Владан Петрушевиќ, Владимир Димоски, Воскресија Андреевска, Грегор Кочјанчич, Дамир Грбановиќ, Дарица Заревски, Денис Маврич, Димитрие Балојани, Дина Ристовска, Елена Андреева, Емил Келер Скусен, Ертунч Сали, Естер Ивакич, Иван Ивановски, Иван Шапков, Ивана Коцевска, Игор Стаменковиќ, Изабел Барз, Инес Озимек, Инеш Самбас, Јохана Хершел & Феликс Фалџк, Катја Петелин, Клеменс Лукас, Лук Кертис, Мајкл Соволе, Марко Гутиќ Мижимаков, Матеуж Јерман, Матјаж Бајц, Мери Гобец, Микаел Н. Нобре, Наташа Неделкова, Никола Анѓеловски, Нуно Брауман, Осберта Паркер, Педро Сабино Кох, Сабрина Кан Норстром, Самир Карахасан, Сандра Јовановска, Сања Симоска, Селсо Роса, Симон Клембас, Тара Иванишевиќ, Теја Михолич, Уршка Џукич, Филип Бихар, Филип Кошник, Хелене Туемел

The Local Blue
Todor Karakolev
Оружје

Mei Ro

Дистро
Храна


Број 3 // 2015
images/PZPSD-3.jpg
На ден 27ми декември или последниот викендашки ден од последниот викенд за 2015 година, традиционално, по трет пат ќе имате шанса да присуствувате на овој андерграунд фестивал.
Старата, веќе проверена локација, гаражите кај плочник, ќе биде привремено отелотворување на низок орган на извршната власт, каде дента ќе се оддржуваат стандардните секојдневни активности министерски – журки и хамбургери.


Претстава, нови бендови и измешани видео ен саунд инсталации, скулптури и спејс инсталации се само дел од програмата, која ја добивате заедно со силната предновогодишна еуфорија.

20:00 часот - Претстава на студенти од ФДУ –
,,Како класа 13 во 2015-та ја одигра Животинска Фарма од Џорџ Орвел”

Аудио-визуелна интерактивна инсталација на Сашо Пуцковски

Изложба на колективот Кула

22:00 часот - Љупа и Крист Крст (Ја и ти)

23:00 часот - TV Rage